Северна Кореја денеска соопшти дека нема намера да седне на преговарачката маса со САД и ја повика Јужна Кореја „да престане да се меша во туѓи работи“
Боливиски обвинители го обвинија поранешниот претседател Ево Моралес за тероризам и бараат негово апсење, јавија локални медиуми
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека училиштата во САД на есен мора да ги отворат своите врати за учениците
Турција ќе одговори со свои мерки ако Европската унија наметне нови санкции, предупреди турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу по состанокот со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел
Либански Хезболах и палестински Хамас оценија дека планот на Израел за анексија на делови од Западниот брег е „агресија против палестинскиот народ“ и повикаа на единство за борба против тој план
Највисоки функционери и правни експерти се судрија околу оправданоста на истражувањето дали полицијата во Германија применува расно профилирање, што според активистите за човекови права е широко распространета практика во земјата
Демонстрантите во Кенија запалија полициска станица, откако полицаец, наводно, убил човек кој продавал фалсификувани средства за дезинфекција за раце, јавија британските медиуми, повикувајќи се на полициски извештај.
Турција денеска ја повика Европската унија да биде „чесен посредник“ во споровите меѓу Анкара и членките на Унијата – Франција, Грција и Кипар.
Изминатиот празничен викенд е еден од најкрвавите во историјата на Чикаго, бидејќи 17 лица го загубија животот, меѓу кои и седумгодишно девојче и 14-годишно момче, а уште 70 други лица се повредени, и покрај заедничките напори да се запре насилството со дополнителни 1.200 полицајци на улиците низ градот.
Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во државата Њујорк се намали на 817, што е најмал број од 18 март, изјави денеска гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо.