Бројот на заразени случаи со Ковид-19 во Иран денеска го надминаа прагот од 450.000, со потврдени нови 3.677 случаи во последните 24 часа, изјави за државната телевизија портпаролката на Министерството за здравство, Сима Садат Лари, а бројот на починати достигна 25.986.
Околу 2,2 милиони луѓе останаа без работа поради строгите регулативи за сузбивање на коронавирусот во Јужна Африка, покажуваат најновите податоци објавени денеска од агенцијата за статистика.
Русија е подготвена со Европска Унија да го разјасни инцидентот поврзан со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, но исто така очекува Европа да ги достави своите податоци, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Новиот премиер на Јапонија Јошихиде Суга денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин при што истакна дека сака да го реши територијалниот спор што постои меѓу двете земји околу Курилските острови.
Вооружените сили на Азербејџан ќе ги уништат противвоздушните ракетни системи Ѕ-300 на ерменската армија, која се движи кон Нагорно Карабах, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, полковник Вагиф Даргахли.
Осомничениот за нападот со мачета во петокот во близина на поранешните канцеларии на магазинот „Шарли Ебдо“ во Париз денеска е изведен пред истражен судија под сомнение за обид за убиство поврзано со терористички план, изјави висок обвинител.
Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешнл (АИ) денеска соопшти дека е принудена да ја прекине својата работа во Индија поради репресија од индиската Влада.
Во досегашните речиси тридневни воени дејствија меѓу ерменските и азербејџанските сили околу спорниот регион Нагорно-Карабах, убиени се речиси сто лица, меѓу кои и цивили
Односите меѓу Минск и Москва и понатаму ќе се развиваат динамично, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко
Одлуката на индиските власти територијата на регионот Ладак, што се наоѓа на задедничката граница со Кина, да ја прогласат за федерална територија официјален Пекинг денеска ја оцени за незаконска, изјави на прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин