Трите кандидатки за градоачалничка на Париз, Ан Идалго (социјалисти), Рашида Дати (Републиканци) и Ањес Бузан (Републиката во Марш) вечерва нема да одат на телевизиската дебата во телевизијата БФМ ТВ, каде има масовен штрајк кај вработените од телевизијата по најавата за укинување на работни места, јави дописникот на МИА.
Кандидатите на ЛР (републиканците) за општинските избори во два арондисмани во Париз, побараа под итна постапка од судот да ја испита нелегалната употреба на парламентарни ресурси во корист на кандидатот за ЛЕРМ (Републиката во марш), јави дописникот на МИА.
Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изрази жалење поради неуспехот да се заштитат домовите за стари лица од коронавирусот и големиот број смртни случаи.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска одговораше на прашања од парламентарната комисија за истраги на корупцијата, таканарелениот комитет „Ибица“.
Помеѓу мигрантите кои се во карантин на бродот „Моби Заза“, што е вкотвен во близина на сицилијанското пристаниште Порто Епедокле, 28 се позитивни на Ковид-19, соопшти денеска невладината организација „Си воч“ (Sea Watch).
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги отфрли критиките поради плановите на Владата за спроведување локални рестриктивни мерки доколку се појават нови жаришта на коронавирусот и апликацијата за следење на ширењето на вирусот.
Русија е подготвена да потпише нов договор за испорака на ракетни системи за противвоздушна одбрана С-400 на Анкара, доколку Турција изрази таква желба, изјави денеска рускиот вицепремиер Јуриј Борисов.
По излегувањето од строгиот карантин и дозволата за отворање на кафулињата и баровите, Французите подзаборавија на епидемијата, како што можеше да се види на масовните спонтани собири во Париз и за време на празникот на музиката.
Речиси една година откако британскиот Парламент изгласа легализација на абортусот во Северна Ирска, жените се уште се соочуваат со локални политички бариери.
Пред реконструкцијата на француската Влада, што се очекува на почетокот на јули, еден од најблиските соработници на премиерот Едуар Филип, тврди дека тој нема да биде кандидат за функцијата претседател во 2022 година, јави дописникот на МИА.