Бројот на заразени со коронавирусот во Индија денеска надмина 400.000, откако во послелдните 24 часа се потврдени уште 15.413 нови случаи, соопшти Министерството за здравство
Американскиот потпретседатател Мајк Пенс во интервју за телевизијата Ај-би-си избегна да ги каже зборовите „Црните животи се важни“ и наместо тоа рече „сите животи се важни“
Израелскиот парламент денеска треба да гласа за предлог-закон со кој се легализира употребата на канабис, пишува „Ерусалим Пост“
Москва денеска ја погоди силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и град, а во сила е портокалов метео-аларм.
Шпанскиот премиер Педро Санчез го повика народот да продолжи да се пази во пресрет на утрешното укинување на режимот на зголемена готовност, воведен поради пандемијата на коронавирусот.
Градоначалникот на Бриж во Белгија, Дирк Де Фов (62) денеска беше прободен со нож во вратот, а по операцијата закрепнува и е вон животна опасност, додека неговиот напаѓач е уапсен, објави обвинителството на градот.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека во ситуација кога САД се соочуваат со масовни протести, рускиот претседател Владимир Путин е загрижен за тоа колку доверба може да има во договорите со неговиот американски колега Доналд Трамп.
Германскиот автомобилски гигант БМВ годинава ќе отпушти 6.000 од своите 120.000 вработени, поради последиците од пандемијата на коронавирусот, и ќе ја прекине соработката со Мерцедес-Бенц за развој на самовозечки возила.
Италијански нуркачи пронашле остатоци од брод од периодот на ренесансата, на длабочина од околу 50 метри во близина на брегот на Лигурија, кај Портофино во близина на Џенова.
Во Европа досега се регистрирани повеќе од 2,5 милиони случаи на коронавирус, од кои повеќе од половина се во Русија, Велика Британија, Шпанија и Италија.