По 55 дена, откако немаше локална трансмисија во Пекинг и се сметаше дека пандемијата на коронавирус е завршена, вирусот повторно се појави на еден пазар во Пекинг, од каде се заразија 180 луѓе, пренесува Си-Ен-Ен
Синот на поранешниот советски лидер, првиот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз Никита Хрушчов, Сергеј Хрушчев, почина на 85-годишна возраст во САД
Белгиската полиција за денеска најави протести во повеќе градови, како одговор на обвинувањата дека се претерано насилни и дека нивните постапки се расистички мотивирани, објави он-лајн списанието „Јуроп тудеј“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изразил сомнеж во способноста на високиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, да раководи со блискоисточниот мировен план, напиша во својата книга поранешниот советник на Трамп, Џон Болтон
Премиерот на Индија, Нарендра Моди ја пофали јогата како метод за зајакнување на имунолошкиот „заштитен оклоп“ против коронавирусот, додека неговата земја се бори со распространетиот Ковид-19
Колеџот Ориел при Универзитетот Оксфорд, со мнозинство гласови одлучи статуата на англискиот колонијалист Сесил Роудс да биде отстранета
На поранешната австриска канцеларка и претседателка на Високиот суд Бригит Бирлајн и е одземена возачката дозвола, бидејќи возела под дејство на алкохол
Пет деца, меѓу кои и 16-годишна бремена девојка, се убиени од гром во западноафриканската земја Гвинеја, соопшти локалната Влада
Јавниот долг на Франција во првиот квартал на годината се зголемил на 101,2 отсто од БДП, што е најголем тримесечен скок на долгот од кризата во 2009 година
Осуммина милитанти се убиени во одделни престрелки за време на офанзивата на безбедносните сили против бунтовниците во индискиот дел на Кашмир, соопштија денеска властите, пренесува ДПА