За да привлече странски туристи исплашени од коронавирусот, шпанската Влада почна меѓународна кампања за да порача дека е безбедна земја и најави програма од 4,2 милијарди евра за помош на своите туристички компании.
Кандидатот за претседател на Белорусија, поранешен началник на „Балгазпромбанк“, Виктор Бабарико, е приведен.
ЕУ ги обнови на уште една година санкциите воведени како одговор на незаконската анексија на Крим и Севастопол од страна на Руската Федерација.
Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, порача дека покрај Русија, Кина е „многу активна“ во ширењето лажни вести и дезинформации поврзани за кризата со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел, повтори дека ставот на Унијата во однос на израелско-палестинското прашање останува исто – две држави и еднакви права за сите, јави дописничката на МИА од Брисел.
Европската унија е подготвена сама да воведе данок на дигиталните услуги на компании како „Гугл“, „Амазон“, „Фејсбук“ и „Епл“ доколку не се постигне глобален договор до крајот на годината, соопшти европскиот комесар за економија.
Банките во еврозоната денеска позајмија рекордни 1.300 милијарди евра од Европската централна банка (ЕЦБ) за да ја задоволат зголемената побарувачка на компаниите за кредити во време на невидена рецесија.
Околу 500 руски медицински работници починале од Ковид-19, соопштија набљудувачи на Росздравнадзор, јави Би-Би-Си.
Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб смета дека клекнувањето пред некого, кое често го користат јавните личности во знак на поддршка на движењето „Црните животи се важни“, е симбол на потчинетост и подреденост и оти тој би го сторил тоа само пред жена и кралицата.
Иако со мерките за изолација и физичка дистанца се доби време за борба против пандемијата на коронавирус, таа сè уште не е завршена, а подготовките за евентуален нов удар на есен сега се приоритет на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, изјави денеска шефот на канцеларијата, Ханс Клуге.