Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со целосно раскинување на односте со Пекинг поради ситуацијата со пандемијата на Ковид-19.
Пандемијата ќе ја чини осигурителната индустрија над 200 милијарди долари, соопшти лондонската осигурителна компанија „Лојдс“.
Американскиот претседател Доналд Трамп, се надева на вакцина против коронавирусот до крајот на годината, а за нејзина дистрибуција, како што рече, ќе се потпре на армијата, а предност во вакцинирањето ќе имаат постарите Американци.
Откако властите на Полска и Холандија соопштија дека од Брисел им биле доставени заштитни медицински маски кои не ги исполнуваат европските стандарди за квалитет, Европската комисија ја запре испораката на цел контингент маски, набавени за да им помогнат на земјите членки во борбата со Ковид-19
Во Русија успешно е изведена првата фаза од тестирање на нов пулмолошки модул наречен Ковид-Мултивокс, кој може дигитално да го одреди степенот на оштетување на белите дробови, без присуство на доктор специјалист, објави прес-службата на Државниот универзитет Ломоносов во Москва
Повеќе од 2.800 затвореници во Никарагва вчера беа привремено ослободени, а причината е прославата на Денот на мајката, соопштија официјални претставници
Неочекуваниот пад на резервите на нафта во САД денеска ја зголеми цената на овој енергенс, но во ограничен степен, поради негативните перспективи на американската економија, каде што коронавирусот ја „убива“ и побарувачката на гориво, како и поради стравувањата од потенцијал втор бран на епидемијата
Француската државна секретарка за еднаквост меѓу мажите и жените и борба против дискриминацијата, Марлен Шиапа, изјави дека „сите показатели упатуваат на зголемување на семејното насилство за време на изолацијата во земјата“. Поради тоа, алатките воведени за известување за семејно насилство остануваат достапни и по изолацијата
Најмалку 14 лица се повредени во денешниот напад врз либискиот главен град Триполи, за што владата поддржана од ОН ги обвини ривалските воени сили од истокот на земјата, предводени од Калифа Хафтар, пренесе ДПА.
Бурунди му нареди на претставникот на Светската здравствена организација и тројца други здравствени експерти да ја напуштат земјата во наредните 48 часа, јави Би-Би-Си