Британската агенција за маркетинг „Редфилд енд Вилтон стратеџи“ спроведе анкета на интернет, според која, една петтина од Британците се двоумат дали намерно да се заразат со Ковид-19 за да добијат валидна потврда за имунитет
Германскиот завод за статистика, Дестатис соопшти дека падот на извозот во Германија во март оваа година, е најголем од обединувањето во 1990 година, кога почнале да водат евиденција
На меѓународниот аеродром Остин-Бергстром во Тексас, авион од типот Боинг 737 синоќа по локално време, удрил во човек кој се движел по пистата и починал на местото на несреќата, пишува британскиот весник „Метро“
Јужнокорејските здравствени власти следат мал, но растечки број на новозаразени со Ковид-19, поврзани со неколку ноќни клубови во Сеул
Во Русија, во последните 24 часа се регистрирани 10.699 нови случаи на инфицирани со новиот коронавирус, така што вкупниот број заболени достигна 187.859 лица
Српскиот министер за култура и информирање Владан Вукосављевиќ, реагираше денеска по повод податоците за Никола Тесла на веб-страницата на Европската унија, изјавувајќи дека станува збор за „безброј пати повторен фалсификат“
Она што го открива кризата со коронавирусот е пред сè стекнатата и влошена форма на природата на меѓународните предизвици од 21 век. Може да се најде спас само доколку знаеме да ги обединиме напорите за да заеднички се избориме против вирусот
Извештај на германското разузнавање ги доведува во прашање обвиненијата на САД дека новиот коронавирус потекнува од кинеска лабораторија и наведува дека обвинувањата се обид да се одвлече вниманието од неуспехот на американската Влада да го спречи ширењето на вирусот во земјата, пишува весникот „Шпигел“
Светски познатиот моден креатор Џорџо Армани одлучи работните простории на својата куќа на високата мода во Париз да ги премести во Милано, Италија
Во најновата студија на Светска здравствена организација се наведува дека од 29 до 44 милиони луѓе во Африка би можеле да бидат заразени со Ковид-19 во првата година од пандемијата, а од 83.000 до 190.000 би можеле да починат во истиот период