Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија не треба да брза со укинување на ограничувањата кои се однесуваат на коронавирусот, предупредувајќи дека какво било брзање при повлекување на превентивните мерки може да го анулира досега постигнатото.
Процентот на Русите кои се задоволни од работата на шефот на државата Владимир Путин се намали на досега најниски 59 отсто, објави агенцијата за истражување на јавното мислење Левада Центар
Германската Влада и претставниците на сојузните покраини начелно се договорија за укинување на мерките за борба против пандемијата со новиот коронавирус, со можност повторно да бидат воведени во случај на пораст на бројот на новозаразени лица
Францускиот печат се осврнува на денешниот самит ЕУ-Западен Балкан, на кој лидерите на ЕУ ќе се обидат да ги уверат земјите од Западен Балкан за нивната европска иднина и да им покажат дека не биле заборавени за време на кризата со новиот коронавирус
Западен Балкан не смее да падне во руската замка на дезинформации, оцени денеска Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, оценувајќи дека „регионот има подобра иднина со ЕУ“
Британскиот премиер Борис Џонсон ќе се појави денеска во Долниот дом на британскиот Парламент, првпат откако беше болен од Ковид-19, каде ќе одговара на прашања во врска со бројот на починати од коронавирусот во земјата, кој е најголем во Европа
За време на двомесечната пандемија на коронавирусот во Италија опадна популарноста на контроверзниот десничарски политичар Матео Салвини, покажуваат анкетите, додека популарноста на премиерот Џузепе Конте е на добар пат да се зголеми
Во рамки на глобална полициска акција спроведена во 103 земји уапсени се 101 човек и пронајдени се 19.000 украдени археиолошки и уметнички дела, соопшти денеска Европол
Според најновата проекција на Европската комисија, како резултат на пандемијата на новиот коронавирус, економијата на ЕУ ќе забележи пад од 7,4 проценти оваа година, невработеноста ќе достигне девет проценти, а ќе дојде и до намалување на обемот на инвестициите и нагло зголемување на долговите и дефицитите
Руската министерка за култура Олга Љубимова е позитивна на тестот на новиот коронавирус