Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја осуди Романија за разрешувањето на директорката на Националната дирекција за борба против корупцијата, Лаура Ковеси, која во меѓувреме стана првиот шеф на Европското обвинителство за спречување измама заради нејзините критики против законодавните реформи.
Италијански експерти предупредуваат дека по постепениот излез на Италија од првиот воведен карантин во Европа, би можел да се случи и втор бран на зараза со коронавирус.
Големиот совет на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда во која оцени дека е неприфатливо барањето на Сиријците кои се жалеа на одбивањето на белгиската амбасада во Бејрут да им издаде хуманитарни визи, истакнувајќи дека тие немале никаква врска со белгиската држава и не се под нејзина јурисдикција.
Тим холандски научници открил антитела што спречуваат вирусот Ковид-19 да влезе во човечките клетки, што,апк, може да доведе до развој на лекот, пренесе Сајанс дејли (Sciencedialy).
Повеќе од 6.000 лица починаа од новиот коронавирус во домовите за стари и изнемоштени лица во Англија за три недели, а таквата „драматична ситуација“ и понатаму се влошува иако епидемијата во Обединетото Кралство почнува полека да се намалува, соопшти Заводот за национална статистика.
Градоначалникот на Хаг, Јохан Ремкес денеска нареди полицијата да растера околу 200 лица кои протестираа против мерките на холандската Влада за спречување на ширењето на Ковид-19.
Во интервју за француската телевизија претседателот Емануел Макрон истакна дека излегувањето од изолацијата е многу посложено отколку влегувањето во изолација, бидејќи треба да се управува со еволуцијата на вирусот.
Маж од Сингапур е спасен откако три месеци поминал на јахта на море, лутајќи од пристаниште до пристаниште, бидејќи државите одбивале да му дозволат да се вкотви, бидејќи пристаништата ширум светот се затворени поради пандемијата со новиот коронавирус
Авганистанската Влада неделава почна да дистрибуира бесплатен леб за стотици илјади лица низ земјата бидејќи дојде до дисбаланс во дистрибуцијата поради мерките за изолација наметнати од пандемија на коронавирусот, а и поради зголемувањето на цените, соопштија авганистански власти и експертите
Во израелските воздушни напади врз источниот дел на Сирија загинаа 14 Иранци и Ирачани, а неколкумина се тешко повредени, соопшти Сириската опсеравторија за човекови права