Веројатноста за зараза со коронавирус при топло време во отворени води или езера е минимална, соопшти Централниот истражувачки институт за епидемиологија на Русија, пренесе ТАСС.
Бројот на антисемитски кривични дела во Германија се зголеми за 13 проценти минатата година, објави денеска весникот „Велт ам Зонтаг“.
Германскиот институт Роберт Кох (РКИ) предупреди дека факторот на репродукција на вирусот, кој покажува колку лица може да зарази заболен човек, во Германија повторно достигна критична вредност.
Премиерот на Италија Џузепе Конте денеска им порача на Италијанците дека ќе можат да ги поминат годишните одмори на плажи и туристички дестинации во земјата, која почна постепено ги укинува ограничувањата воведени во борбата против епидемијата на новиот коронавирус.
Франција и Холандија заеднички ја повикаа Европската унија да ја зајакне примената на еколошките и трудовите стандарди во земјите со кои спроведува трговска размена.
Папата Франциск денеска ги повика водачите на државите членки на Европската унија да работат заедно за да се справат со социјалните и економските последици од пандемијата на коронавирусот.
Германската полиција денеска соопшти дека повеќе од сто лица биле приведени на протестите против рестриктивните мерки воведени за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, откако некои од митинзите што се одржаа вчера преминаа во насилство.
Според анкетата на Ифоп за консултантската фирма „Но Ком“ објавена оваа недела, „Ле Паризиен“, 65 отсто од Французите сметаат дека е подобро да се преземат премногу мерки на претпазливост отколку брзо враќање во нормалниот живот што би било ризично во однос на здравјето
Во време на пандемијата на Ковид-19, кога се чини дека европските земји се повеќе се разделени, шефот на француската држава Емануел Макрон ја демонстрира кохезијата на Европската унија со едно необично и неочекувано видео
Либан, по речиси два месеца карантин, повторно ги отвори џамиите и црквите, под услов верниците да ги почитуваат мерките за физичка дистанца и ограничување на бројот на луѓе во нив