Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск синоќа изјави дека нема повторно да се преговара за излезот на Велика Британија од Европската унија, откако премиерката Тереза Меј најави дека ќе се обиде да го преиначи договорот за Брегзит.
Нови правила за имотот на брачни двојки или регистрирани партнерства на луѓе од различни држави стапуваат на сила од денска во 18 земји членки на ЕУ.
Русија и Кина претставуваат најголема закана за САД во однос на шпионажа, кибер напади и нивна подобра соработка отколку во претходните неколку децении, изјави директорот на американската разузнавачка заедница Ден Коутс.
Во обид да пронајде нов извор на приход, популарното модно списание „Вог“ ќе добие нова, дигитална верзија.
Властите во Бразил денеска објавија налог за апсење пет лица поради одговорност за несреќата предизвикана со уривање на рударската брана, при што животот го загубија најмалку 65 лица.
Јавниот обвинител на Венецуела, Вилијам Саб побара денеска на опозицискиот лидер, кој се самопрогласи за времен претседател, Хуан Гуаидо да му се забрани излез од земјата врз основа на кривичната истрага за неговите антивладини активности.
Европската унија нема повторно да преговара за Брегзит, односно за договорот на Велика Британија и ЕУ, изјави неименуван европски дипломат, демантирајќи ја британската премиерка Тереза Меј, која претходно денеска најави нови преговори.
Високиот претставник на Ватикан, Херман Гајслер денеска поднесе оставка откако поранешната милосрдна сестра од неговата заедница Дорис Вагнер јавно го обвини за сексуално вознемирување за време на исповед, соопшти Ватикан.
Лидерот на опозицијата во Венецуела, кој се прогласи за привремен претседател на земјата, Хуан Гуаидо, добил право да располага со банкарските сметки на државата кои Владата на Венецуела ги има во било која од американските банки, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш е годинешен добитник на престижната меѓународна Карлова награда за придонес во европското единство, соопштено е од канцеларијата во германскиот град Ахен.