Од италијанското пристаниште Бари,со траект кој испловил синоќа, се пренесуваат телата на 12 албански државјани, кои починале од новиот корнавирус.
Руските компании треба да го зголемат производството на медицинска опрема за 25 пати во мај, согласно државниот налог и план, соопшти денеска заменикот министер за индустрија и трговија на Руската Федерација, Олег Бочаров.
Почнати се истраги за стотици смртни случаи од коронавирусот во домови за нега на стари лица во Милано и во целиот регион Ломбардија, јавија италијански медиуми.
Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Индија се зголеми за 166 и сега изнесува 199, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Италијанската Влада одлучи до 3 мај да го продолжи карантинот наметнат поради коронавирусот, што истече на 13 април, објавија италијанските медиуми повикувајќи се на синдикатите.
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши заменик- министерот за внатрешни работи Александр Романов, кој истовремено е и раководител на одделот за истраги.
Раководството на американскиот авиопроизводител „Боинг“ размислува за намалување на работната сила за 10 проценти, во околности на коронакриза, јави „Вол Стрит Џурнал“.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.615.092 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 96.791, а оздравеле 362.542 луѓе.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.607.595 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 95.785, а оздравеле 357.164 луѓе.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги предупреди членките на Советот за безбедност на Светската организација дека пандемијата на коронавирусот се заканува на меѓународниот мир и безбедност и потенцијално води кон зголемување на социјалните немири и насилства, што во голема мерка може да ја загрози можноста за борба против болеста