Пет ракети утрово погодија американска база во Авганистан, соопштија двајца претставници на американските сили
Над 100 случаи на заразени со новиот коронавирус се потврдени во дом за стари лица во Будимпешта, соопшти денеска на прес конференција шефицата на здравствената служба во Унгарија Сесилија Мулер.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен изјави дека станува збор за претпазлива прва фаза. Првиот чекор е отварање градинки и училишта за деца до 11 години од 15 април.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.529.439 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 89.416, а оздравеле 337.164 луѓе.
„Репортери без граници“ (РСФ) ги повикаа националните и европските институции да ги заштитат медиумите додека ја исполнуваат својата јавна мисија во ризичните услови на пандемијата Ковид-19, кога новинарите стануваат колатерални жртви на напади од различни непријатели на слободата на печатот – вклучително и некои влади, кои, како што посочуваат, ја користат вонредната ситуација за да се пресметаат со нивните критичари
САД ќе ги конфискуваат американските медицински производи за извоз се додека не се утврди дали на земјата и се потребни за време на борбата против коронавирусот, соопштија две федерални агенции
Португалскиот парламент донесе одлука, до крајот на вонредната состојба на 17 април, да го стопира исклучувањето на домаќинствата од електричната мрежа, водовод или гасовод поради неплатени сметки, бидејќи тоа би предизвикало економска и социјална штета на посиромашните граѓани
Франција ќе ги продолжи своите строги национални карантин мерки поради епидемијата со Ковид-19 што сега се до 15 април, соопштија од Кабинетот на францускиот претседател
Министерството за здравство на САД склучило договор со производителот на автомобили „Џенерал моторс“, за производство на 30 илјади апарати за вештачка вентилација на бели дробови во висина од 489,4 милиони долари
Кризата со ширењето на коронавирусот, од кој веќе починаа повеќе од 83.000 луѓе ширум светот и предизвика огромна штета врз економијата, може да однесе во сиромаштија околу половина милијарда луѓе ширум светот