Белгиските здравствени власти сметаат дека е “веројатно“ дека земјата се приближува до пикот на инфекции од коронавирусот, но сѐ уште е рано за укинување на мерките за изолација, јавува дописничката на МИА од Брисел.
ЕУ попладнево ги одобри законските измени за ублажување на последиците од здравствената криза кај најранливите групи на населението, јави дописничката на МИА од Брисел.
Ова е дел од стратегијата на Европската Унија за глобален одговор на пандемијата најавена вчера од страна на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус потсети дека утре се навршуваат 100 дена од појавата на коронавирусот, поточно од денот кога кинеските власти го известија СЗО дека избувнала мистериозна пневмонија во градот Вухан.
Со постепеното укинување на мерките на изолација и карантин во наредните месеци, се очекува мобилните апликации да одиграат значајна улога во борбата против ширењето на коронавирусот, но тие ќе треба да бидат согласно правото на Европската Унија
Владата на Бахреин ќе им ги плати сметки за струја и вода на сите граѓани и фирми во земјата и ќе потроши вкупно 570 милиони американски долари за плати на 100.000 работници во приватниот сектор од април до јуни, за да им помогне да ги надминат последиците од епидемијата коронавирусот
Вкупно 25 проценти од Романците заразени со новиот коронавирус се здравствени работници, соопшти денеска Федерацијата за здравствена солидарност
Иднината на Европската унија е во опасност ако нема заедничко финансиско решение за справување со последиците од борбата против коронавирусот
Во Њујорк, каде тестирањата покажаа дека на коронавирусот се позитивни 76.876 лица, што е за неколку илјади помалку отколку во Кина во врвот на пандемијата, досега починале 4.009 лица, а некои градски служби предупредуваат дека бројот е поголем затоа што секојдневно дома умираат по 200 њујорчани, а нивната смрт не е евидентирана во официјалните податоци затоа што не се тестирани
Полски свештеник се одлучи да врши тн. паркинг-исповеди пред својата црква во Варшава, во случај ако верниците, во ова време на изолација и задолжително физичко растојание поради коронавирусот, во пресрет на Велигден, посакаат да побараат простување на гревовите