Шефот на полицијата на Париз оцени дека лицата кои се хоспитализирани на интензивна нега биле оние кои „не ги почитувале мерките на ограничување“, што предизвика жестока реакција на докторите и политичарите. Под притисок на јавноста, тој се извини со соопштение за печатот.
САД пресретнале и пренасочиле пратка заштитни маски од Кина наменета за Берлин.
Лабораториите во Германија работат 24 часа на ден со цел што повеќе лица да бидат тестирани за коронавирус, а повеќе од 350.000 тестови се извршени само во изминатата недела, соопшти денеска Институтот Роберт Кох.
ЕУ привремено ги укина даноците за увоз на одредена медицинска опрема од земји кои не се членки на ЕУ, со цел што подобро и полесно снабдување на европските болници во борбата против Ковид-19.
Во Италија моментално недостигаат околу 60.000 сезонски работници за берење зеленчук што порано созреа поради топлата зима.
До денеска претпладне во Велика Британија се тестирани вкупно 173.784 лица од кои 38.168 се позитивни на Ковид-19, соопшти британското Министерство за здравство.
Француските ученици годинава нема да полагаат матурски испит поради пандемијата на коронавирус, што е првпат од воведувањето на таква проверка на знаењето.
Најлошото допрва доаѓа, рече Гутереш, осврнувајќи се на земјите во кои има војни, како што се Сирија, Либија и Јемен.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.043.762 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 55.304, а оздравеле 222.332 луѓе.
Перу почна да спроведува нови строги мерки за да го спречи ширењето на коронавирусот, ограничувајќи го движењето на јавноста кај машкиот и женскиот пол.