Северна Кореја денеска истрела две „неидентификувани ракети“ од источната покраина, а проектилите паднаа во море, соопшти јужнокорејската армија.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да ги намали средствата што САД ги издвојува за НАТО, јави американската телевизија Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори од Пентагон и од Алијансата.
Мал авион синоќа се урнал во источниот дел на Канада, околу градот Кингстон, а во несреќата има и жртви, пренесе БГНЕС.
Кина денеска го повика на разговор американскиот амбасадор во Пекинг, Тери Бренстад, за да му изрази „силен протест“ за одлуката на претседателот Доналд Трамп да го потпише Законот за човековите права во Хонг Конг.
Русија службено им предложи на САД двете нуклеарни суперсили да го продолжат договорот за контрола на нуклеарно оружје Нов СТАРТ на пет години, иако Москва е подготвена и на покус рок, изјави висок руски функционер.
Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи изјави дека САД се вклучени во „заговор“ со кој беа предизвикани масовните, насилни демонстрации поради поскапувањето на горивата.
Европската вселенска агенција (ЕСА) побара повеќе пари од своите 22 земји-членки за финансирање на заеднички проекти за истражување на вселената.
Индексот на глобална дипломатија за 2019 година, кој еднаш годишно го составува австралискиот Институт Лови, покажува дека Кина за првпат ја зазеде водечката позиција на списокот на најголемите дипломати во светот и ги надмина САД, што укажува на растечките меѓународни амбиции на Пекинг.
Секој четвртиот четврток во ноември во САД се прославува Денот на благодарноста, а домородците ќе го одбележат Денот на жалоста.
Американската економија во третото тромесечје пораснала повеќе од прогнозираното без разлика на трговската војна со Кина, а цените се задржаа на умерено ниво, се вели во најнов извештај на американското Министерство за трговија.