Претставници на САД и на талибанците денеска во Доха ги продолжија преговорите во обид да ги „финализираат последните точки од договорот“, со кој ќе се овозможи повлекување на американските војници од Авганистан, изјави портпаролот на талибанците Сухаил Шахин
Рускиот воен авион, кој превезува делови од рускиот ракетен систем С-400 слета во турската воена база Муртед, близу Анкара
Од наредната година се очекува да се појават платежни картички кои наместо четирицифрен пин ќе имаат вграден читач за отпечаток од прст
Пред состанокот со британските пратеници, со кои треба да разговара за тактиката за избегнување Брегзит без договор, лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин порача дека ќе направи се што е потребно за да спречи Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди Хезболах и Либанската држава да внимаваат што прават, обраќајќи се на конференција во Ерусалим
Корисниците на социјалната мрежа Твитер го повикаа основачот на компанијата „Амазон“ и најбогат човек на светот Џеф Безос да помогне да се спаси прашумата Амазонија од пожарите
Владејачкото италијанско Движење пет ѕвезди денеска соопшти дека нема повторно да учествува во преговорите за формирање на влада со опозициската Демократска партија се додека партијата јавно не се обврзе на нова коалиција, предводена од премиерот во заминување Џузепе Конте
Американски суд изрече казна од 572 милиони долари за фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон поради уделот во поттикнувањето на кризата на зависност од опиоиди во Оклахома
Десетици поранешни амбасадори на Полска упатија отворено писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, во кое го повикуваат за време на претстојната посета да изврши притисок врз владата за поголемо почитување на човековите права и да запре со кршење на Уставот
Кина одлучно е против соопштението на земјите членки на Г7, кое се однесува на немирите во Хонгконг, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг