Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде авиони-ловци Ф-16 на Тајван, во вредност од осум милијарди долари, соопштија неименувани американски официјални претставници
Предолго, лабуристичкиот лидер Џереми Корбин беше обвинуван дека е само нем набљудувач на Брегзит. Сега, тврди дека има план. Но, дали тој може да ја извлече Велика Британија од кризата?
Во првите шест месеци од годинава загубите предизвикани од природни непогоди и од катастрофи предизвикани од човечки фактор изнесуваат 44 милијарди долари, соопшти швајцарската компанија за реосигурување Свис Ре.
Рускиот претседател Владимир Путин им ја додели титулата „Херој на Русија“ на двајцата пилоти на компанијата „Урал Ерлајнс“, кои принудно слетаа во поле во предградие на Москва, спасувајќи ги животите на 223 патници.
Водоинсталатери и мајстори за грејни и разладни уреди се најбараните професии во Германија и ниту за едно друго занимање не треба толку време за пополнување на слободните работни места, покажува анализата спроведена од Федералната агенција за вработување
Набрзо ќе треба да се одржи средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со нејзиниот британски колега, премиерот Борис Џонсон, на која двајцата ќе разговараат за најактуелната европска тема во моментов – британското напуштање на ЕУ – Брегзит, најави портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт
Гренланд не е на продажба, порача денеска министерката за надворешни работи на овој најголем светски остров Ане Лоне Багер, откако медиумите објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп наводно разговарал со своите советници за купување на овој дански остров
Астрономи од Универзитетот Мекгил во Монтреал, Канада, тврдат дека идентификувале осум радиосигнали во повторлив интервал, објави „Сајенс алерт“
Онлајн кражбите и измами со криптовалути ги уриваат сите претходни рекорди.Во првите шест месеци од оваа година украдени се 4,26 милијарди американски долари преку криптовалути, објави CipherTrace во редовниот извештај цитиран од „Форбс“
Претседателот Доналд Трамп изјави по двете масовни пукања во Охајо и Тексас овој месец дека сака да го реши проблемот со тоа што ќе се фокусира на помош за лекување ментални заболувања, а не со контрола на оружјето