Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп е над 45 отсто според Институтот Галуп.
Елиот Розарио (45) е поштар од Провиденс, главниот град на американската сојузна држава Роуд Ајленд, кој примал кокаин од Порторико со намера да го препродава и поради тоа доби една година затвор, условно на три години.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров синоќа разговараше со американскиот државен секретар Мајк Помпео на маргините на состанокот на Арктичкиот совет што се одржува во Рованијем, Финска.
Поништувањето на изборот за градоначалник на Истанбул претставува победа за турската демократија, бидејќи со тоа ќе биде овозможено резултатите од изборите да ја одразуваат волјата на избирачите, изјави Фахретин Алтун, портпарол на турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган.
Двајцата новинари на Ројтерс, кои поминаа 500 дена во затворот во Мјанмар за истражување злосторства над муслуманското малцинство, денеска се ослободени.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц упати критика поради одлуката за анулирање на резултатите од локалните избори во Истанбул, истакнувајќи дека тие што не прифаќаат демократски избори нема што да бараат во Европска Унија.
Американскиот претседател Доналд Трамп во порака на Твитер порача дека специјалниот обвинител Робарт Малер не треба да сведочи во Конгресот
Приватен авион „Бомбардер Челинџер 601“ исчезнал од радарот за време на летот над градот Монклова, во мексиканската држава Коауила, по што се урнал во планинскиот регион над градот
По бројните претставки поднесени од страна на владејачката Партија за правда и развој (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Врховната изборна комисија на Турција со седум гласа „за“ и чертири гласа „против“ донесе одлука за одржување нови локални избори во Истанбул
Во Романија денеска за првпат е издадено предупредување „црвена тревога“ за опасност од торнадо, јави информативниот сајт Зиаре