Илјадници луѓе синоќа во Лондон протестираа против наследникот на Тереза Меј, Борис Џонсон
Јужна Кореја соопшти дека Пјонгјанг лансирал два неидентификувани проектили во морето, кај својот источен брег
Шпанските законодавци денеска треба да гласаат за тоа дали вршителот на должноста премиер Педро Санчез да остане на функцијата, во спротивно во земјата ќе се организираат предвремени избори
Русија е закана за изборите во 2020 година, и други земји развиваат слични способности за мешање во демократските процеси, ова денеска го заклучи поранешниот специјален обвинител Роберт Малер на две одвоени сведочења во американскиот Конгрес
Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва, по преземањето на должноста, именуваше министри во новата Влада, кои ќе му помогнат да спроведе Брегзит до 31 октомври.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му честиташе на новиот британски премиер Борис Џонсон и му посака успех, соопшти Кремљ.
Повеќе од 300.000 граѓани се иселиле од Турција во други држави минатата година, соопшти денеска Националниот статистички институт.
Рекордно високи температури од 38,9 степени Целзиусови се регистрирани денеска во Холандија и Белгија, највисоки воопшто во тие земји.
Во првиот говор како премиер, Џонсон вети „напуштање на Европската унија на 31 октомври по секоја цена“.
Повеќе стотици патници се блокирани во воз „Евростар“ во Белгија поради проблеми со напојувачката мрежа.