Министерството за правда на САД објави дека отвора истрага за големите компании за дигитална технологија во врска со тоа дали учествуваат во антиконкурентски практики.
Односите меѓу Јапонија и Јужна Кореја се во „многу лоша состојба“ и Токио ќе продолжи да го повикува Сеул да преземе соодветни акции за низа прашања кои ги нарушија билатералните врски, изјави портпаролот на јапонската Влада Јошида Суга
Кинеското Министерство за одбрана соопшти денеска дека Кина и Русија вчера изведувале заеднички воздушни патроли, но дека не влегле во воздушниот простор на било која друга земја, пренесоа британските медиуми
Народното собрание на Венецуела, што се наоѓа под контрола на опозицијата, синоќа го одобри враќањето на земјата во Меѓуамериканскиот договор за взаемна помош (ТИАР) што ќе овозможи легална евентуална странска воена интервенција во оваа земја зафатена со сериозна политичка и егзистенцијална криза
Гувернерот на Порторико Рикардо Росело се очекува да се повлече од функцијата по скандалот со некоректните коментари што ги давал во приватни разговори, објавија локалните медиуми доцна синоќа
Русија повика на формирање организација за безбедносна соработка во Персискиот Залив, соопшти руското МНР
Марк Еспер и официјално стана новиот американски министер за одбрана откако ноќеска положи заклетва пред човекот што го предложи на функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа
Најмалку пет деца загинаа откако изби пожар во детски камп во ски-центарот Холдоми во Хабаровскиот крај на рускиот Далечен Исток
Сенатот на САД денеска го потврди назначувањето на Марк Еспер за министер за одбрана, со што заврши седуммесечниот период во кој Пентагон немаше постојан шеф
Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј изјави денеска дека Кина претставува сериозна контраразузнавачка закана за САД од која било друга земја, вклучувајќи ја и Русија