Либералната демократска партија на јапонскиот премиер Шинѕо Абе освои најголема поддршка од неопределените гласачи на вчерашните избори за Горниот дом на јапонскиот Парламент, јавуваат локалните медиуми
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, синоќа го предупреди Иран дека „грабнувањето на трговските бродови на други земји придонесува кон спиралата на ескалација“, која може да доведе до војна
Иранскиот амбасадор во Велика Британија, Хамид Бединеџад, предупреди на можноста од ескалација на тензиите во Заливот бидејќи британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста од воведување санкции кон Техеран, како одговор на тоа што Иран заплени британски танкер со нафта во Ормутскиот теснец
Партијата на претседателот Володимир Зеленски, Слуга на народот води на предвремените парламентарни избори кои се одржаа вчера во Украина, со 43,9 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати
Голем број деца и сурфери влегоа вчера во морската вода во близина на нуклеарната централа Фукушима 1, првпат по хаваријата која се случи во 2011 година
Полицијата на американската сојузна држава Масачусетс ги замолила граѓаните да се воздржат до утре од криминал и незаконски активности
Најмалку осум луѓе загинаа, а 26 се повредени кога жена бомбаш-самоубиец се разнесе пред болница во пакистанскиот град Дера Исмаил Кан
Повеќе од илјада пожарникари учествуваат во гаснење на три големи пожари во централниот дел на Португалија, а властите наложија делумна евакуација на едно село од безбедносни причини
Рускиот хуманоиден робот ФЕДОР ќе тргне на 22 август на Меѓународната вселенска станица и таму ќе помине една и пол недела, најави денеска генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин на космодромот Бајконур
На педесетмина индонезиски полицајци во провинцијата Источна Јава им е наредено да почнат со напорна програма за слабеење, бидејќи се премногу дебели и не можат да бидат ефикасни во својата работа, соопшти полицијата