Британскиот министер за финансии Филип Хамонд изјави денеска дека постои голема можност пред Парламентот да се најде идејата за одржување втор референдум за Брегзит
Два згради се урнаа денеска во западниот дел на Рио де Женеиро, по неколкудневните поројни дождови и поплави во кои загинаа десет лица
Западен Балкан заслужува наше целосно внимание и постојана поддршка, порача денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за време на министерскиот состанок на Берлинскиот процес во Варшава, кој е посветен на унапредувањето на регионалната соработка на Западен Балкан.
Белгиските работници се најоданочените во развиениот свет, според последниот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Британската Влада повлекла 6.000 државни службеници кои подготвувале Брегзит без договор со ЕУ, а кој чинел, како што се проценува, 1,5 милијарди фунти.
Суданскиот Преоден воен совет најави дека нема да го испорача сменетиот претседател Омар ал Башир, кој се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг, туку ќе му се суди во Судан.
Хакери од меѓународната организација „Анонимуси“ се заканија на „британската Влада и нејзината кохорта (соработници, пријатели) ширум светот“ да го пуштат на слобода основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој вчера беше уапсен во Лондон, или ќе „платат“.
Американскиот Сенат синоќа го потврди именувањето на Дејвид Бернхард за секретар за внатрешни работи на САД, кој досега беше вршител на должноста на оваа функција.
Високата комесарка на Обединети нации за човекови права Мишел Башеле денеска побара суданските власти да ги ослободат сите лица кои се притворени поради учество во мирните протести и да спроведат истрага за употреба на сила против демонстрантите од декември минатата година.
Француската Влада не ја разгледува можноста да му понуди политички азил на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, освен ако тој самиот не го побара тоа, изјави денеска државната секретарка за европски прашања на Франција, Амели де Моншалан.