Либиските власти денеска го затворија единствениот функционален аеродром во главниот град Триполи по извршениот воздушен напад, изјави претставник на аеродромот
Американскиот претседател Доналд Трамп ја прогласи денеска Иранската револуционерна гарда за терористичка организација, во обид да го зголеми меѓународниот притисок врз таа земја
Во Либија од минатата недела обновени се судирите помеѓу Либиската национална армија (ЛНА) предводена од генерал Калифа Хафтар, кој од источниот дел тргна во освојување на западниот дел од земјата и на Триполи, што се под контрола на меѓународно признаената Влада, предводена од Фајез ел Сараџ
Европските регулатори го казнија американскиот индустриски конгломерат Џенерал електрик со 52 милиони евра за давање погрешни информации при преземањето на данскиот производител на ветерни турбини ЛМ Винд
Кинескиот премиер Ли Кечијанг ги негира обвинувањата дека Пекинг се обидува да ги заостри односите меѓу земјите-членки на Европската унија
Во борбите во либиската престолнина Триполи досега се убиени најмалку 25, а ранети се 80 луѓе, соопшти Министерството за здравство во тој град
Околу 50 километри јужно од Пекинг во тек е огромен градежен проект, кој по завршувањето официјално ќе стане најголем аеродром во светот.
Русија и Турција ќе формираат заеднички инвестициски фонд вреден 900 милиони евра, изјави шефот на рускиот Фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека разликата во гласови за двајцата кандидати на изборите во Истанбул е премала за опозицијата да прогласи победа, додека неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) бара повторно пребројување на гласовите за да се спротивстави на „организираниот криминал“.
Геноцидот во Руанда беше планиран напад со цел уништување на групата Тутси, кој беше осмислен на највисоко ниво, се наведува во денешното соопштение на обвинителот Серж Брамерц од Канцеларијата на обвинителството на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови по повод 25 години од геноцидот.