Најмалку 40 цивилисе убиени во синоќешните рации и воздушни напади на авганистанските специјални сили насочени против талибанските засолништа во јужната провинција Хелманд, изјави денеска претставникот на локалните власти Абдул Маџед Акханд.
Очите на идните генерации се вперени во вас и доколку одлучите да нè изневерите, ние никогаш нема да ви простиме, изјави денеска младата шведска активистка Грета Тунберг, обраќајќи им се на светските лидери во Њујорк, кои присуствуваат на Самитот на ОН посветен на климатските промени.
Светот не е подготвен за глобална пандемија што, доколку се случи, може да усмрти до 80 милиони луѓе за 36 часа и да го „збрише“ глобалниот бруто домашен производ (БДП) за пет проценти, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) .
Во Њујорк денеска започнува Самит во ОН, на кој се разгледува еден од најгорливите светски проблеми – климатските промени кои настануваат како резултат на користење на фосилните горива како нафта и јаглен, но и преминот кон обновливи извори на енергија.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска даде официјална поддршка на Парискиот договор за климата и нареди руските закони да бидат прилагодени на обврските согласно договорот, се наведува во декретот, објавен на веб-страницата на руската Влада.
Малта, Италија, Франција и Германија постигнаа иницијален и привремен договор за распределување на мигрантите спасени во Медитеранот. Документот ќе биде презентиран на почетокот на октомври.
Европската Комисија ги објави статистиките за извозот и увозот на прехранбени производи за јули оваа година, тие бележат значаен раст во споредба со истиот месец претходната година
Иако американскиот воен буџет е десет пати поголем од рускиот, Русија прилично ефикасно се спротивставува на САД, благодарение на својата наука, нашата индустрија и новите достигнувања, но нам поголеми средства не ни се потребни, затоа што не планираме никого да нападнеме, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу
Најмалку девет лица се повредени во експлозија што се случи во супермаркет во јужниот дел на Австрија
Европската Унија на Климатскиот самит на Обединетите Нации во Њујорк пристигнува со “силни заложби“, велат од Европската Комисија, но активистите бараат поамбициозни мерки