Пред три и пол години почна емитувањето на телевизиската серија „Слуга на народот“ во која настапи Володимир Зеленски. За земја во која доминираат парите и моќните олигарси, таа беше еден вид забава.
Британската Влада синоќа соопшти дека ќе продолжи да го поддржува договорот за Брегзит кој премиерката Тереза Меј го постигна со ЕУ.
Во кинеската покраина Хенан уапсена е воспитувачка во градинка откако е соопштено дека наводно отрула 23 деца, ставајќи нитрит во нивната храна, јави Би-Би-Си.
Њујоршкиот Сенат, кој е под контрола на демократите, усвои правилник сличен на тој што го имаат уште седум американски држави, а според кој се зголемува границата за купување цигари и електронски цигари од 18 на 21 година.
Врховниот судија на Венецуела Мајкел Морено ги повика провладините пратеници да го одземат имунитетот од кривичното гонење на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо.
Излегувањето на Велика Британија од Европската унија и по синоќешното гласање остана во ќор-сокак, откако британските парламентарци не изгласаа ниту една од опциите за Брегзит.
На грбовите на демонстрантите беше напишано „Климатска правда веднаш“, во знак на протест против климатските промени.
Каматните стапки за станбени кредити во САД неделава драстично опаднаа, најголем пад во изминатите десет години.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео денеска изјави дека преговорите за разрешување на прашањето за нуклеарната програма на Северна Кореја се одвиваат по принципот „чекор напред, чекор назад“.
Годишниот приход на украинскиот претседател Петро Порошенко, кој моментално се бори за втор претседателски мандат во Украина, бележи зголемување од сто отсто.