Мигрантите и бегалците можат да бидат подложни на преносливи и непреносливи, како и хронични болести, поради сиромаштија или промена на животниот стил со намалени физички активности и помалку конзумирање здрава храна, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
Руската полиција уапси пијан човек кој му се заканувал на членовите на екипажот на патнички авион што летал од сибирскиот град Сургут кон Москва, присилувајќи ги да го спуштат авионот веднаш по полетувањето.
Европската комисија го поздравува укинувањето на планираната такса за граѓаните на ЕУ кои сакаат да престојуваат во Обединетото Кралство по Брегзит, но тоа не претставува напредок во преговорите, изјави денеска портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас.
Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска најави дека ќе се кандидира за претседател на Украина на претстојните претседателски избори во земјата.
Деди Пурнама (26), од индонезиската провинција Источна Јава, починал откако неговата сопруга, една година помладата Илхам Кахјани го запалила.
Владата во Лондон работи на усогласување на барањата што ќе бидат упатени до Европската унија, со цел да се отстрани загриженоста на пратениците поради планот за отворена граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска, изјави денеска британскиот министер за Брегзит, Стивен Баркли.
Австралија се соочува со рекорно високи температури што надминуваат и над 40 Целзиусови степени, а меторолозите најавуваат дека жешкиот бран ќе продолжи најмалку уште во наредните пет дена.
Парламентарното Собрание на Советот на Европа се одлучи да расправа за начинот на организирањето на референдумите во земјите членки на организацијата, ова откако Советот на Европа забележа дека во некои земји, неодамнешните референдуми предизвикаа загриженост во однос на нивната организација и / или праведноста на исходот, јавува дописникот на МИА.
Бројот на жртви на студеното време во Полска достигна 62 лица, соопшти Владиниот центар за безбендост.
Франција и Германија денеска потпишаа нов договор за пријателство. Тоа се случи во западниот германски град Ахен во денот кога се навршуваат 56 години склучувањето на Елисејскиот договор.