Потпретседателите на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини денеска дадоа поддршка на француското движење „Жолти елеци“.
Судењето на кардиналот Филип Барбиран (68 години) започна денеска пред Кривичниот суд на Лион. Тој е обвинет за непријавување сексуални напади врз малолетни лица и непружање помош на лица во опасност, јави дописникот на МИА.
„Новата“ црква во Украина која ја создадоа киевските власти е здружение на две групи расколници, изјави денеска патријархот московски и на цела Русија, Кирил во божиќно интервју за телевизијата „Русија 1“.
„Самсунг Електроникс“ очекува пад на профитот во четвртиот квартал од 2018 година за 29 отсто во однос на истиот период претходната година.
На вчерашниот амбасадорски состанок Романија предложила да прифати дел од мигрантите заглавени на хуманитарните бродови близу Малта, пренесува денеска Политико Европа повикувајќи се на дипломатски извори.
Владата на Украина поднесе до Европскиот суд за човекови права тужба против Москва поради кршење на правата на украински морнари, кои беа уапсени по инцидентот во Керчанскиот теснец, изјави украинскиот заменик-министер за правда, Иван Лишчина.
Во лавините на Алпите загинаа 10 лица, а меѓу загинатите во Австрија се и тројца Германци.
Дваесет ученици се избодени со нож во нападот кој маж го изведе денеска во Пекинг, соопштија кинеските власти.
Компанијата Мастеркард соопшти дека после повеќе од половина век ќе го отстрани своето име од логото, но ќе остане црвениот и жолтиот круг. Со тоа Мастеркарт се придружува на неколкуте брендови како Најк и Епл кои во поголемиот дел од маркетиншкиот материјал се потпираат на слика, а не на име.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот француски колега Емануел Макрон вчера телефонски разговарале за повлекувањето на американските војници од Сирија, соопшти Белата куќа.Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот француски колега Емануел Макрон вчера телефонски разговарале за повлекувањето на американските војници од Сирија, соопшти Белата куќа.