Брод кој пловел под панамско знаме потона во близина на градот Самсун во Турција.
Системот кој требаше да го исчисти Тихиот Океан од пластичен отпад, се распадна меѓу Калифорнија и Хаваите и ќе биде одвлечен на копно за да се поправи.
Премиерот на француската Влада Едуар Филип се очекува вечерва да објави мерки за воспоставување на „јавниот ред“ за справување со насилството, јави дописникот на МИА.
Најмалку шест лица загинаа како последица на лошите временски услови во Германија, Австрија и Швајцарија, а властите во тие земји денеска предупредија на ризик од лавина на северните Алпи.
Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, и британската премиерка, Тереза Меј, ќе остварат телефонски разговор во текот на неделата за Брегзит, информираа портпаролските служби на ЕК.
Европската Комисија попладнево ќе ги брифира амбасадорите на земјите членки на ЕУ за состојбата и ја поздрави пораката на Папата Франциско, јави дописничката на МИА од Брисел.
Најмалку двајца членови на екипажот го загубија животот во потонатиот брод во Црно море, во близина на градот Самсун.
Двајца германски скијачи загинаа во лавина во западна Австрија, додека илјадници туристи за време на викендот, поради обемни снежни врнежи, останаа „заробени“ во големите скијачки центи во австриските Алпи.
Белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, најави утрово дека треба да се “размисли“ за можни мерки против лажна вест за смрт на демонстрантка што ги проширија припадници на „Жолтите елеци“ во текот на викендот.
Суд во јужна Кина го осуди на смрт мажот кој повреди 12 деца во напад со нож во градинка, јави денеска кинеската државна телевизија.