Францускиот Парламент одобри денеска продолжување до 1 ноември на вонредната состојба во државата, воведена по крвавите терористички напади во 2015 година.
Германската полиција и група демонстранти денеска се судрија на улиците на Хамбург во пресрет на самитот на Г20, кој почнува утре, јавуваат агенциите.
Европската Унија и Јапонија денеска во Брисел формално се договорија за главните точки од спогодбата за слободна трговија, соопштија официјални претставници на ЕУ.
Подготвени сме да ги прошириме санкциите против Северна Кореја, изјавија денеска претседателите на Европскиот совет, Доналд Туск, на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и премиерот на Јапонија, Шиндѕо Абе.
Според дневниот весник „Хуриет“, тие вчера од состанокот биле однесени во полициска станица, но засега не е познато зошто се уапсени.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја потврди поддршката на неговата земја за Катар во спорот со четирите арапски држави, пренесоа британските медиуми.
ЕК и влади на држави членки додега ги игнорираа повиците за официјално замрзнување на преговарачкиот процес, кој во пракса е веќе блокиран. Преговорите ЕУ-Турција официјално почнаа пред 12 години.
Демонстранти, кои се приврзаници на Владата во Каракас, насилно влегоа во Парламентот на Венецуела при што повредија неколкумина пратеници и новинари.
Натамошното проширување на Европската унија е императив. а единствен пат за напредок на западниот Балкан е забрзување на европските интеграции.
Преговорите за решавање на прашањето за Кипар привремено се прекинати на барање на двете страни, но се очекува денеска попладне да продолжат, соопштија Обединети нации.