Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер побара од префектите во Франција „решително“ да ги применуваат одредбите на новиот закон за азил, што стапи во сила на 1 јануари, со цел да се забрзаат постапките за екстрација на лицата на кои им е одбиено барањето за азил, јави дописникот на МИА.
Девет лица загинаа, а 22 други се повредени денеска при пожар во центар за згрижување на бездомни жени во ирачкиот главен град Багдад, соопшти полицијата.
Нелегалната миграција во Европската унија минатата година падна на околу 150.000 луѓе, што е најниско ниво во последните пет години, соопшти денеска Агенцијата за контрола на границите на ЕУ – Фронтекс.
Едно вооружено лице е уапсено денеска по престрелка во зграда во близина на главната железничка станица во германскиот град Келн, соопшти локалната полиција.
Припадник на обезбедувањето на украинскиот претседател Петро Порошенко, починал откако боксер го удрил во главата.
Норвешката полиција соопшти денеска дека четворица скијачи, кои исчезнаа откако лавина се одрони на северот на Норвешка, најверојатно се починати.
Обидите на британската премиерка Тереза Меј за усвојување на поситгнатиот договор за Брегзит од страна на Парламентот во Лондон, денеска добија нов удар, откако беа објавени резултатите од анкета на „ЈуГов“, кои покажа дека мнозинството членови од нејзината Конзервативна партија се против договореното со Брисел и сакаат Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор.
Германската канцеларка Ангела Меркел на 10 и 11 јануари ќе престојува во посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Едно лице се води како исчезнато при пожар на товарен брод, што избувнал во текот на пловидба низ водите на Тихиот Океан.
Американска делегација предводена од заменикот претставник за трговија Џефри Геришаем, на 7 и 8 јануари ќе престојува во Пекинг за трговски преговори со Кина, соопшти прес-службата на кинеското Министерство за трговија.