Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го нападна Парискиот договор за справување со климатските промени, поврзувајќи го со тековните протести во францускиот главен град како доказ дека неговата одлука за одбивање на договорот е добра.
Јапонското население, според проценките на Националниот институт за население и социјална безбедност, до 2065 година ќе се намали од сегашните 127 милиони на 88 милиони жители.
Група нуркачи влегоа во длабочините на морето во близина на градот Хатај во Турција за да привлечат внимание кон загадувањето со пластика, што сериозно се заканува на животната средина и на морски суштества во Средоземното Море, пишува Анадолија.
За време на протестите на „жолтите елеци“ во Франција денеска се уапсени околу 700 луѓе, од кои 575 во Париз, а меѓу нив 272 се задржани во полиција.
Бројот на посетители во ноќниот клуб во италијанскиот град Кориналдо, каде во стампедо загинаа шест лица, бил над максимално дозволените, согласно пропишаните безбедносни стандарди, изјави денеска министерот за внатрешни работи Матео Салвини.
Новоизбраната наследничка на Ангела Меркел на чело на Христијанско демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер го именува денеска младиот конзервативец, 33-годишниот Паул Зјемјак за нов генерален секретар на партијата.
Апелацискиот суд на САД ја одби жалбата на администрацијата во Вашингтон за реактивирање на указот на претседателот со кој се забранува давање прибежиште на имигрантите кои нелегално ја поминале границата на САД.
Двајца високорангирани функционери во Венецуела ќе отпатуваат во Лондон на разговори со претставници на Централната банка на Англија за враќање на златото во вредност од 550 милиони долари, објави „Бизнис инсајд“.
Поранешниот колумбиски претседател Белисарио Бетанкур, еден од зачетниците на борбата против нарко царството на Пабло Ескобар, почина вчера в болница.
Индискиот премиер Нарендра Моди е најголем „инфлуенсер“ меѓу државниците, кого на Инстаграм го следат дури 15,5 милиони луѓе.