Поранешниот менаџер на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт, лажел за време на сведочења во Федералното истражно биро на САД (ФБИ) и со тоа ги прекршил правилата на нагодбата, поради што му се заканува казна и до 10 години затвор.
Членовите на британскиот парламент на 11 декември ќе се изјаснат дали го прифаќаат договорот за излегување на Велика Британија од Европската унија, соопшти премиерката Тереза Меј.
Беспилотното летало на НАСА Инсајт безбедно слета на Марс со што ја почна својата двегодишна мисија како прв објект дизајниран да ја истражи длабоката внатрешност на планетата.
Украинската Врховна рада вечерва го одбри претседателскиот указ за воведување воена сосотјба во делови од Украина за период од 30 дена, почнувајќи од 28 ноември.
Американскиот претседател Доналд Трамп не верува на тврдењата изнесени во американскиот владин извештај, во кој се предупредува на негативното влијание на климатските промени врз националната економија.
Извештајот на невладината Европската Алијанса за јавно здравство (ЕПХА) е прв обид да се пресмета општествената цена од аерозгадувањето само од возилата.
Американскиот претседател Доналд Трамп навести можност САД да основаат „сопствена светска медиумска мрежа“ за да се спротивстават на „лажните вести“ кои, како што рече, ги шири Си-Ен-Ен во светот.
Руската Федерална безбедносна служба соопшти дека еден од притворените украински морнари признал дека пловењето на украинските бродови преку Керченскиот Теснец било провокација.
Канцеларијата на Државното обвинителство во Истанбул потврди дека денешните претреси на двете вили во северозападната турска област Јалова се извршени во рамките на истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги, јави агенцијата Анадолија.
Генералниот секретар НАТО Јенс Столтенберг побара од Русија да ги ослободи украинските бродови и морнари, истакнувајќи дека потегот на Москва нема никакво оправдување.