Лидерите на земјите од Југоисточна Азија, Кина и други соседни држави се сретнаа денеска во Сингапур и го истакнаа напредокот за заштита на мирот во спорното Јужно Кинеско Море како доказ дека регионот самостојно успева да се справи со овие прашања.
Портпаролот на палестинското движење Хамас, Сами Абу Зухри денеска изјави дека оставката на израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман по дводневните тешки борби е „политичка победа за Газа“.
Демократската партија освои уште едно место во Сенатот на САД по пребројување на гласовите во Аризона, кое траеше речиси седум дена. Новата сенаторка е Кристен Синема.
Романската Влада денеска го именува искусниот дипломат Џорџ Чамба за нов министер задолжен да ја подготви земјата да го преземе ротирачкото претседателство со Европската унија на 1 јануари.
Мислам дека од двете светски војни, но, исто така, од времето на Студената војна, научивме колку се важни трансатлантските односи и затоа мораме да се грижиме Европа и Северна Америка да се држат заедно, рече генералниот секретар на Aлијансата, Јенс Столтенберг.
Рускиот претседател Владимир Путин во разговор со косовскиот претседател Хашим Тачи ја потврдил подготвеноста на Москва да го поддржи договорот меѓу Белград и Приштина, во случај да биде постигнат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека САД избрале погрешен пат со повторното воведување на санкции кон Иран.
Опозиционерот Алексеј Навални денеска доби решение да ја напушти Русија за да присуствува на изрекувањето на пресуда на Европскиот суд за човекови права по тужба поднесена од него.
Руските вооружени сили преземаат мерки за заштита на своите комуникации, бидејќи многу земји ги зајакнале своите капацитети за изведување на кибер-напади, соопшти денеска висок руски претставник.
Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман изјави денеска дека поднесува оставка од функцијата во конзервативната коалициска Влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху.