САД ќе ги зајакнат санкциите кон Иран, изјави денеска советникот за национална безбедност Џон Болтон, додека Техеран се обидува да изнајде патишта за избегнување на американските рестрикции на извозот на нафта и за банкарскиот сектор.
Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, кандидат на ЕПП за претседател на Европската комисија на изборите на пролет 2019 година, вели дека неговата партија е лојална на христијанско-демократските принципи и дека има одговори за популизам и екстремизам.
Турските власти денеска издадоа наредба за апсење на десетици лица, осомничени за поврзаност со организацијата на исламскиот проповедник Фатулах Ѓулен, која во Турција се смета за терористичка.
Военото крило на Хамас соопшти дека ќе ги зголеми нападите и ќе истрела ракети врз израелските градови Ашдод и Бершеба, ако Израел ги продолжи воздушните напади врз Појасот Газа.
Во германскиот град Франкфурт на Мајна денеска дошло до протекување на хлороводородна киселина.
Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека трпеливо чека објаснување од саудискиот принц Мохамед Бин Салман за убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Лонес досега беше европратеник од групата на Европските конзервативци и реформатори, и е заменик- претседател на белгиската партија Нова фламандска алијанса (НФА). Тој го презема Министерството од неговиот сопартиец Стивен Вандепут, избран на местните избори во октомври за градоначалник на градот Хаселт.
Поранешниот претседател на Перу Алберто Фуџимори и тројца министри за здравство од неговата администрација обвинети се за присилна стерилизација на 2.116 луѓе, соопшти здружение за правата на жените.
Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник од редовите на владејачката Партија на правда и развој Ахмет Демирџан во турскиот Парламент поднесе предлог-закон со кој треба да се стави крај на илегалната трговија со органи.
Обединетите нации, Европската унија и Русија ги повикаа Палестинците и Израелците да ја запрат брзата ескалација на насилства во Газа во последните 24 часа.