Под површината на релативната смиреност на Западен Балкан во текот на изминатата деценија, етничките тензии и националистичката страст продолжуваат да се јавуваат.
Францускиот министер за земјоделство Стефан Травер денеска изјави дека француската воена морнарица е подготвена да реагира доколку продолжат судирите меѓу француски и британски рибари кои ловат школки во близината на брегот на Нормандија.
Германската полиција денеска соопшти дека неколку писма со бел прав биле испратени до Амбасадата на САД и до Амбасадата на Израел во Берлин.
Моника Левински го прекина интервјуто на гостувањето на една израелска телевизија, токму кога водителката поставила прашање за Клинтон. И 20 години по „најсочната“ и најозборувана политичко-сексуална афера во американската историја, Левински не сака да говори за тоа.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го именуваше Франсоа де Ружи за министер за животна средина, соопшти Елисејската палата.
Холандската банка ИНГ треба да плати 775 милиони евра како дел од спогодбата со обвинителите, кои обвинија дека нејзините финансиски контроли се толку слаби што клиентите лесно можеле да „перат пари“.
Шпанија ја откажа продажбата на 400 ласерски наведувани проектили на Саудиска Арабија, стравувајќи дека тоа оружје може да го користи коалицијата предводена од Ријад против бунтовниците во Јемен.
Француската министерка за спорт Лаура Флесел поднесе оставка од лични причини.
Кремљ денеска го отфрли предупредувањето на претседателот на САД, Доналд Трамп упатено до Сирија да не почнува офанзива против бунтовниците во провинцијата Идлиб, наведувајќи дека таа област е „терористичко гнездо".
Здужението „Слонови без граници“ ги обвини ловокрадците за смртта на слонови во Боцвана, а научниците, кои ја покренаа истрагата, рекоа дека 87 слонови биле убиени поради бивните, пред неколку недели.