Белата куќа соопшти дека Северна Кореја почнала да ги враќа на САД посмртните останки на американски војници убиени во Корејската војна (1950-1953).
Шпанските власти се против трговска војна со САД, нагласи шпанскиот премиер Педро Санчез на заедничка прес конференција во Мадрид со францускиот претседател Емануел Макрон.
Американскиот претсеател Доналд Трамп му се заблагодари на претседтаелот на ЕК, Жан-Клод Јункер за работата со која помогнал да се намалат несогласувањата за трговски прашања. Тој наведе дека Вашингтон упатил предупредување до „измамниците во светската трговија“.
Генералниот сењкретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека на ОН им недостигаат пари и ги повика државните членки да ги подмират долговите.
Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, денеска се сретнаа во рамките на самитот на БРИКС групата држава во Јоханесбург.
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу одговори на заканата со санкции на американскот претседател Доналд Трамп и рече дека Турција нема да прима закани од кого било.
Прашањето за нов референдум за Брегзит не е на дневниот ред и треба да се почитува волјата на британските гласачи, изјави денеска британскиот министер за Брегзит, Доминик Раб по средбата со главниот преговарач на ЕУ за истапувањето на Велика Британија од Унијата, Мишел Барние.
Американскиот Претставнички дом денеска усвои нов Закон за одбрана, со кој за одбранбените потреби се издвојуваат 716 милијарди долари и во исто време се ограничуваат кинеските инвестиции во САД.
Рускиот пратеник за Сирија, Александар Лаврентиев денеска ги повика бегалците од оваа земја слободно да се вратат во своите домови и да не се грижат за закани или напади од страна на Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Полските власти забранија капење на повеќе од 50 плажи на Балтичкото Море, бидејќи топлото време довело до пораст на токсични бактерии во морската вода.