Неколку здруженија и организации на противниците на британското истапување од ЕУ, денеска ќе одржат марш низ улиците на Лондон, од кој ќе побараат одржување на втор референдум за Брегзит
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување царини за увоз на автомобилите на големите европските автопроизводители, како Бе-Ем-Ве и „Мерцедес“, доколку не отворат свои погони во САД
Најмалку четири лица загинаа, а 31 се повредени при експлозија на две подметнати бомби за време на прославата на Денот на земјоделците во градот Лашкар Гах во јужната авганистанска провинција Хелманд
Моќниот тропски циклон Тревор го погоди денеска северното крајбрежје на Австралија, носејќи со себе поројни дождови и силен ветер, кој наместа дувал со брзина и до 250 километри на час
На американскиот претседател Доналд Трамп му се допаѓа севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и тој смета дека не се потребни дополнителни санкции кон Пјонгјанг, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс
Портпаролот на бунтовничката алијанса Сириски демократски сили (СДФ), Мустафа Бали изјави дека по победата над џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, нејзините борци ќе продолжат со борбата против екстремистите се до нивното „целосно истребување“
Триесет и деветтиот претседател на САД, Џими Картер ја понесе титулата „најдолговечен американски претседател“, откако го надживеа досегашниот „лауреат“, Џорџ Буш Постариот
Во неделите што изминаа демократските претенденти за претседателски кандидат се „намножија како зајаци во шумите на Западна Вирџинија“. Своја кандидатура најавија можеби триесетмина демократи, а 15 од нив веќе ги започнаа нивните кампањи со посети на гласачите
Билансот на жртвите при експлозијата во хемиската фабрика во градот Јангченг во провинцијата Џангсу во источниот дел на Кина, според последните податоци, се искачи на 64, додека 28 лица и натаму се водат како исчезнати
Кинескиот претседател Си Џинпинг синоќа од Рим порача дека амбициозниот проект на Кина, “Еден појаси, еден пат“, познат како „Новиот пат на свилата“, нема да претставува еднонасочна улица