Оксана Шачко (31), една од основачките на украинската протестна група Фемен, завчера била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Париз со самоубиствена порака до телото.
Руски суд им одреди парична казна во висина од 1.500 рубљи (околу 20 евра) на музичарките од феминистичката панк група „Пуси рајот“ и на основачот на уметничката платформа „Војна“ за незаконско носење полициски униформи.
Фејсбук ја блокираше мрежата од страници преку која членовите на десничарската бразилска група Движење за слободен Бразил ширеа лажни вести.
Една од жртвите е 69-годишна жена која паднала во река во областа Сучава, а нејзиното тело било пронајдено десетина километри низводно.
Спасувачките служби досега пронајдоа 28 тела на загинати при поплавите предизвикани во понеделникот по уривањето на брана во провинцијата Атапу во југоисточен Лаос, соопштија денеска лаоските власти.
Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) објави сателитски снимки од пожарите во околината на грчкиот главен град Атина, во кои загинаа над 80 лица, а околу 180 беа повредени.
Шведските власти денеска забранија палење скара во надеж дека ќе се намали опасноста од шумски пожари, јави новинската агенција ДПА.
Новозеландскиот Парламент денеска усвои Закон со кој се предвидува посебен платен десетдневен одмор за жртвите на семејно насилство.
Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) денеска соопшти дека донела одлука да отпушти над 250 службеници што работат во Појасот Газа и на Западниот Брег, како резултат на решението на САД за замрзнување на помошта за Палестинците.
Шпанската Национална спасувачка служба во текот на денот пресретна 175 мигранти во неколку пловила во близина на јужниот брег на Шпанија.