Две сириски групи го повлекоа тешкото оружје од планираната демилитаризирана зона за која во северонозпадната провинција Идлиб се договорија Турција и Русија. Тоа го соопшти бунтовнички командант, јави ДПА.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео пристигна во Пјонгјанг и ќе има средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун фокусирана на денуклеаризација на Корејскиот полуостров и воспоставување мир.
Руската Надворешна разузнавачка служба (СВР) декласифицира документи што се однесуваат на соработката меѓу советските и британските тајни служби за време на Втората светска војна.
Во реонот на истанбулското предградие Силиври денеска експлодира гасовод за време на изградбата на пат, објави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.
Во Чешка во 14 часот по локално време заврши гласањето за избор на една третина од членовите на Горниот дом на Парламентот, Сенатот и на органите на локалната самоуправа, кое почна вчера.
Во обид да направат совршено селфи во екстремно опасни ситуации, од 2011 до 2017 година загинале 259 луѓе, покажа студија на Американсата национална медицинска библиотека.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјави дека е можно до крајот на годинава да се постигне договор со Британија за излез од ЕУ.
Најмалку 20 луѓе загинаа и 16 се повредени кога преполн минибус паднал во бездна на планински пат во индискиот дел на Кашмир, соопшти локалната полиција.
При археолошките ископувања во Помпеја откриени се исклучително зачувани фрески, кои биле затрупани при ерупцијата на Везув во 79 година.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео на средбата со јапонскиот премиер Шиндзо Абе изјави дека САД и Јапонија треба да се стремат кон денуклеаризација на Сверна Кореја.