Трагедијата на Политехничкиот колеџ во кримскиот град Керч, помеѓу другото, е резултат на глобализацијата преку социјалните мрежи и интернетот, со многу штетни содржини за младите луѓе, изјави рускиот претседател Владимир Путин, еден ден по нападот при што загинаа 21 лице, а 44 се повредени.
Четири земји членки на ЕУ, кои беа погодени од природни катастрофи во 2017 година - Грција, Полска, Литванија и Бугарија, наскоро ќе добијат вкупно 34 милиони евра помош од фондот „Солидарност“ на ЕУ, откако Европарламентот и Советот на Унијата го одобрија предлогот на Европската комисија.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, одговарајќи на прашањето дали воените вежби на НАТО во Европа претставуваат закана од трета светска војна, истакна дека се надева оти Северноатлантската алијанса ќе биде доволно мудра да спречи војна од широки размери, но предупреди на зголемување на опасноста од ненамерни инциденти во недостиг на нормален дијалог со Русија.
Кандидатот за место во сојузниот Парламент на Невада, Денис Хоф, кој воедно е и еден од најпознатите луѓе во бизнисот со проституција, завчера е пронајден мртов во една од своите јавни куќи во близина на Лас Вегас. Но, и покрај тоа, прогнозите велат дека тој би можел да победи на изборите.
Британската премиерка Тереза Меј денеска најави дека ќе размисли за продолжување за „неколку месеци“ на т.н. преоден период по напуштањето на Велика Британија на Европската унија, потег што нејзините критичари го сметаат за „предавство на Брегзитот“.
Во Санкт Петербург денеска се измерени 16,6 степени Целзиусови, што е највисока измерена темепература на денешен датум од 1918 година, кога се измерени 15,2 степени.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани со затворање на границата на САД кон Мексико.
За повлекувањето на УНМИК од Косово без договор за конечен статус веројатно би требало нова резолуција на Советот за безбедност на ОН, а нејзино донесување би зависело од Русија, изјави за Радио Слободна Европа Даниел Сервер, професор на вашингтонскиот универзитет Џонс Хопкинс и експерт за Балкан.
На вчерашниот предсамит на Европската Народна Партија, шефовите на држави и влади и шефовите на партии членки на најголемата европска партија разговарале за исклучувањето на партијата на Виктор Орбан од нивните редови.
Со 50 гласа „за“ и 41 „против“, Парламентот на оваа најконзервативна австралиска држава усвои закон со кој на жените им се дозволува да направат абортус до 22 недели бременост. По овој период, абортусот мора да биде одобрен од лекар.