Во рамки на истрагата за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги, турските истражители го завршија претресот на резиденцијата на саудискиот генерален конзул во Истанбул, јави Анадолија.
Конзервативни хиндуистички групи спречиле жени да влезат во еден од најсветите хиндуистички храмови, спротивставувајќи се на одлуката на Врховниот суд да им се дозволи, по повеќевековна забрана, влез во храмот на женски лица кои имаат месечен циклус.
Вчерашната средба на лидерите на 27 земји членки на ЕУ и британската премиерка Тереза Меј за Брегзит не донесе опиплив напредок во преговорите помеѓу двете страни, пет месеци само до крајниот рок за напуштањето на Обединетото Кралство на ЕУ.
Бројот на жртвите во вчерашниот напад во колеџ во Керч на Крим, се зголеми на 20, соопшти министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова.
Доктор осомничен дека бил дел од наводниот саудиски тим кој е виновен за убиството на новинарот Џамал Кашоги, студирал во Австралија, објави телевизијата Еј-Би-Си.
Мич Мекконел, републикански лидер во американскиот Сенат, испрати порака до администрацијата на Трамп за брзо решавање на постоечките трговски спорови, особено со Кина, нагласувајќи дека царините што ги наметнале другите земји како одговор на трговската политика на Трамп, почнуваат да и штетат на американската економија.
Лидерите на ЕУ сметаат дека нема доволно напредок во преговорите за Брегзит, за да се свика вонреден самит во ноември, изјавија официјални претставници на ЕУ.
Речиси 300 припадници на сириските „Бели шлемови“, кои избегаа од Сирија во Јордан пред три месеци, сега заминуваат за распоредување во западните земји, информираат извори од јорданското Министерство за надворешни работи.
Напаѓачот во колеџот во Керч легално поседувал оружје, соопшти премиерот на Крим Сергеј Аксјонов.
Терористичката група Исламска држава (ИД) држи како заложници повеќе од 700 луѓе во сирискиот регион Деир ез Зор.