Повеќе од 1.800 американски весници се затворени од 2004 година, зголемувајќи ги „информативните пустини", каде има мало или никакво локално известување за јавните работи, се наведува во истражувањето на Школата за медиуми и новинарство на Универзитетот во Северна Каролина.
Во Конго за една недела официјално се потврдени 33 случаи на ебола, од кои 24 резултирале со смрт на пациентот, соопшти Министерството за здравство на таа држава.
Авион на саудиските Кралски воздухопловни сили се урна за време на обука во северозападниот дел на земјата, при што загинаа сите членови на екипажот.
Американската демократска сенаторка Елизабет Ворен направила ДНК анализа, со која докажала дека има индијанско потекло, откако претседателот на САД Доналд Трамп повеќе пати ја обвинувал дека лаже.
Нарушувањата на менталното здравје се во пораст во сите земји во светот, што во периодот меѓу 2010 и 2030 година глобалната економија би можело да ја чини околу 16 илјада милијарда долари доколку на глобално ниво не се преземат соодветни чекори, покажуваат податоците објавени во списанието „Лансет“, чии уредници го спровеле истражувањето.
Северна Кореја, Јужна Кореја и Командата на Обединетите нации ги одржаа своите први, тристрани разговори за демилитаризација на границата, додека двете Кореи се обидуваат да постигнат мир, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја.
Пјер Компани, таткото на белгискиот фудбалер Винсент Компани, ќе биде првиот белгиски градоначелник од субсахарска Африка во една од бриселските општини, Гансхорен.
Преговорите за напуштањето на ЕУ од страна на Велика Британија ќе бидат главна тема на разговорите на шефовите на држави и влади на ЕУ на самитот в четврток и петок.
Во Јемен, држава разорена од граѓанска војна што трае 3,5 години, 13 милиони луѓе се соочени со опасност од глад, предупредија ОН.
Два земјотреса, првиот со интензитет од 6,5 и вториот посилен, со интензитет од 6,8 степени по Рихтер, беа регистрирани денеска во Тихи Океан, источно од Нова Каледонија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.