Турската приватна телевизија 24 ТВ денеска емитуваше видео-снимка на која се гледа како исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги влегува во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул и како подоцна од таму излегува црно возило кое се упатува кон домот на конзулот.
Американското оружје е подложно на кибер напади поради заостанувањето на Пентагон во кибер безбедноста и проблемот да се најде соодветен експертски персонал, се наведува во извештај на американските власти.
Романски свештеник се закани дека ќе ги исклучи од црквата луѓето кои не гласаа на референдумот за уставни измени за дефинирање на семејството.
По маратонски состанок од 13 часа, министрите за екологија и животна средина на земјите членки на ЕУ доцна синоќа постигнаа договор за намалување на штетните емисии на јаглесрод диоксид (ЦО2) од возилата за 35 отсто до 2030 година.
Најмалку 40 лица загинаа рано утрово во сообраќајна несреќа во западна Кенија, соопшти полицијата.
Тајванската претседателка Цај Инг-вен денеска ја повика Кина да избегнува да биде „извор на конфликти“, нагласувајќи дека Тајпеј никогаш нема да предизвика ескалација на конфронтациите со Пекинг, но нема ни да потклекне пред неговите дипломатски притисоци.
Работодавачите велат дека поради зголемена бирократија се потешко им е на работниците да им обезбедат работни визи.
Европскиот суд за човекови права ги отфрли жалбите на Литванија и Романија за пресудите на Трубуналот од мај годинава за нивна вмешаност во програмата за тајни затвори на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака неговата втора средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се одржи по изборите за американскиот Конгрес, закажани за 6 ноември.
Ураганот Мајкл веќе е трета категорија од можни пет според скалата Сафир-Симпсон, соопшти Националниот центар за урагани на САД.