Министрите за надворешни работи на Русија, Турција и Иран, Сергеј Лавров, Мевлут Чавушоглу и Мохамад Џавад Зариф се изјаснија за забрзување на напорите со цел сирискиот уставен комитет што побрзо да почне да работи.
Американската Армија испрати бомбардери од типот Б-52 во Јужното Кинеско Море, со цел, како што соопшти Пентагон, да се подобри соработката со сојузниците и партнерите во регионот.
Иран ќе го задржи своето присуство во Сирија се додека сириските власти го сакаат тоа, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани на прес-конференција во Њујорк.
Турција сака да отвори нова страница во односите со Германија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во интервју за весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг’, во пресрет на неговата денешна посета на Берлин.
Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја обвини Кина дека сака да го спречи да победи на следните парламентарни избори поради неговата одлучност во врска со трговските прашања.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека неговиот состанок со севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг-хо бил „многу позитивен“.
Ирански риал достигна денеска рекордно ниска вредност во однос на доларот, поради влошувањето на економската ситуација во Иран и повторно воведување американски санкции.
Приштинската делегација, Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Беџет Пацоли, не добиле покана за седницата на Генералното собрание на ОН, и тие во Њујорк престојуваат приватно, соопшти портпаролот на ОН, Ери Канеко.
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска претстави мировен план за Блискиот исток за следните „два,три или четири месеци“.
Астронаутот на меѓународната вселенска станица Александар Герст на Твитер објави фотографии од формирање на супретајфун над западниот дел на Тихи Океан.