Средбата помеѓу претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и грчкиот премиер Алексис Ципрас во Њујорк, според грчките медиуми минала во добра атмосфера, во споредба со тензичната претходна посета на Ердоган на Грција.
Двајца припадници на локалните безбедносни сили загинаа, а двајца се повредени при експлозијата на рачно изработена бомба во југоисточниот турски округ Шарнак, јави турската телевизија НТВ.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека сака „поконструктивен однос“ со Русија и покрај мерките што ги презеде Алијансата како реакција на „зголемената воена активност на Москва“.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека е подготвен за „нов почеток“ во односите со Пјонгјанг и за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Турското Јавно обвинителство нареди апсење на 71 лице, од кои 61 офицери и војници, под сомнеж за поврзаност со мрежата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е организатор на обидот за државен удар во јули 2016 година .
Францускиот претседател Емануел Макрон и премиерите на Велика Британија и на Канада, Тереза Меј и Џастин Трудо се заложија во Обединети нации до 2030 година сите девојчиња во светот да можат да посетуваат училиште.
САД, Европската унија и Јапонија најавија соработка во борбата против нефер трговските постапки на други големи држави - при што првенствено се очекува соработката да биде насочена против Кина.
Џон Болтон, советникот за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, ги предупреди европските држави дека ќе има сериозни последици по нив доколку му помогнат на Иран да ги избегне американските санкции.
Иранскиот претседател Хасан Рохани синоќа упати критики кон Вашингтон поради „непријателската политика“ кон Техеран, оценувајќи дека американскиот пристап е осуден на пропаст.
Поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пучдемон кој живее во Белгија, го предлага претседателот на Европскиот совет Доналд Туск да посредува во кризата меѓу шпанските власти и приврзаниците за каталонска независност.