Врховниот суд на Индија денеска реши дека законот со кој хомосексуалноста се прогласува за „неприроден чин“ не е во согласност со Уставот, со што практично се декриминализираше хомосексуалноста.
Најмалку 76 лица загинаа, а речиси исто толку се сметаат за исчезнати како резултат на големите поплави што ја погодија Северна Кореја. Истовремено, илјадници луѓе останаа без покрив над главата, соопштија Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Шеги на религиозни теми на интернет отсега можат да значат и пет години затвор во Саудиска Арабија, соопшти Јавното обвинителството на кралството, што беше објавено и на Твитер.
Парламентот на Камбоџа денеска го реизбра на премиерската функција Хун Сен, со што и по 33 години на власт, ќе продолжи да управува со земјата.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска ја поддржа кандидатурата на Манфред Вебер за претседател на Европската комисија на претстојните избори за Европскиот парламент и побара пристапната перспектива за земјите од Западен Балкан да стане реалност.
Полска се закани со блокада на планираната докапитализација на Европската инвестициска банка по излегувањето на Британија од Европската унија, ако не добие поголема улога во таа институција, објави денеска „Фајненшл тајмс“.
Британскиот синџир супермаркети „Теско“ во продавниците во центарот на градовите почна бананите да ги продава по парче, а не по килажа и на тој начин ја зголеми нивната цена повеќе од двојно.
Рускиот претседател Владимир Путин сноси крајна одговорност за нападот со нервен агенс „новичок“ врз поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март оваа година, изјави британскиот министер за безбедност Бен Волас.
Мерките за сузбивање на климатските промени би можеле да ја зголемат вредноста на светската економија до 2030 година за 26.000 милијарди долари, покажува најновото истражување.
Бројот на жртви од силниот земјотрес што се случи вчера на јапонскиот остров Хокаидо се зголеми на осум, откако уште пет тела беа пронајдени под урнатините на куќа во планинското село Ацума.