Суд во Германија пресуди дека Франкфурт мора да ја забрани употребата на дизел возилата кои се големи загадувачи со цел подобрување на квалитетот на воздухот во градот.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја почна денешната серија разговори со македонскиот државен врв.
Американскиот сенатор и претседавач на Комисијата за државна безбедност Рон Џонсон следната недела доаѓа во Македонија, а ќе ги посети и Грција, Србија и Косово.
Висок претставник од американската администрација предупредува на „аморалност“ и на „непромислено“ раководење на претседателот Доналд Трамп во непотпишан текст објавен во Њујорк тајмс.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не барал атентат врз сирискиот лидер Башар ал- Асад, оспорувајќи ги наводите од книгата на Боб Вудворд „Страв: Трамп во Белата куќа“.
Еден човек загина и 48 се повредени во силен земјотрес што ноќеска ја погоди Јапонија.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе се сретне со претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин во Пјонгјанг од 18 до 20 септември. Двајцата лидери ќе разговараат за нуклеарно разоружување.
Велика Британија побара да се одржи денеска состанокот на Советот за безбедност на ОН за да се разгледа случајот на труење со „новичок“.
Инфлацијата во Венецуела го надминала прагот од 200 отсто во август при што цените се зголемени за период од една година за 200 илјади отсто, се вели во извештај на венецуелскиот Парламент што е под контрола на опозицијата.
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер упати силна критика против миграцијата во Германија и со тоа ги заштити ултрадесничарските демонстранти во Кемниц, пишуваат повеќе германски весници.