Албанската обединета опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, ќе ја бојкотира и утрешната, втора, седница на Собранието по летните одмори.
Претставници на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер денеска сведочеа пред Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат за начинот на кој овие мрежи се злоупотребуваат од странски разузнавачки служби за да се оствари влијание во американската политика.
Британија побара Советот за безбедност на Обединетите нации утре да одржи седница за случајот со труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.
Дванаесет патници од авионот што денеска беше ставен во карантин на аеродром Џон Фицџералд Кенеди во Њујорк биле хоспитализирани поради сериозноста на здравствените симптоми на кои се пожалиле. Околу стотина од вкупно 500 патници во авионот на компанијата Емиратс што слета во Њујорк од Дубаи имале симптоми на кашлица и треска со повишена температура, што предизвика сериозна загриженост на прометниот аеродром.
Авион со 141 патник и член на екипажот денеска бил ставен во карантин во францускиот град Перпинан, каде пристигнал од алжирскиот град Оран, поради сомнеж дека осумгодишно дете во леталото боледува од колера.
Четири лица денеска загинаа откако се урна хеликоптер во западниот дел на Чешка, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба, Петр Пончар.
Најмалку осум луѓе загинаа, а 22 се повредени во самоубиствен бомбашки напад врз спортски клуб во шиитски кварт во Кабул.
Патнички авион од Дубаи што денеска слетал на аеродромот ЏФК во Њујорк бил ставен под карантин откако над 100 од вкупно 500 патници се пожалиле на висока температура и мачнина.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја работи на „сите подрачја, од блиску и од далеку“ против Иран.
Британското Министерство за надворешни работи денеска го повика рускиот в.д. амбасадор Иван Володин, откако претходно премиерката Тереза Меј изнесе нови детали за двајцата осомничени руски агенти обвинети дека го извршиле труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март.